Две години по првите случаи на ковид-19, половоина од анкетираните ширум светот се сомневаат дали тие се навистина ефикасни, додека 43 проценти не се сомневаат, покажува последното истражување на Брима Галуп.
Истражувањето е спроведено на крајот на 2021 година и вклучува околу 42.000 полнолетни граѓани од 45 земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија.
На прашањето дали вакцините против коронавирус се навистина ефикасни, Македонија е во рамките на светскиот просек, односно скоро половина (49%) од испитаниците се изјасниле дека се согласуваат со оваа изјава, 43 отсто не се согласуваат, а 5 отсто немаат одговор на ова прашање.
Прашани дали заканата од коронавирусот е претерана, во земјава, 60 отсто од анкетираните веруваат дека заканата од коронавирусот е претерана, 34 проценти сметаат дека заканата од коронавирусот не е претерана и 5 отсто немаат одговор на прашањето.
На прашањето: „Колку сум подготвен да жртвувам некои од моите човекови права доколку тоа помогне да се спречи ширењето на вирусот“, Македонија е во рамките на светскиот просек (60%), 61 процент од анкетираните во земјава се согласуваат со оваа изјава и покажуваат подготвеност да жртвуваат некои од своите човекови права доколку тоа го спречи ширењето на вирусот, 31 процент не се подготвени за тоа, а 8 отсто немаат одговор на ова прашање.
Според истражувањето, на светско ниво мислењата за ефикасноста на вакцините се поделени – половина од анкетираните се сомневаат дали тие се навистина ефикасни, додека 43 отсто не се сомневаат. Несигурноста кон вакцините е најизразена во Африка (64%), а несигурност има и на Блискиот Исток, Индија, Азија и Русија. За ефикасноста на вакцините најмалку се сомневаат луѓето во Австралија (78%), ЕУ (53%) и САД (51%). Овој иманентен сомнеж, според анализата на резултатите, има потенцијал да го наруши и рутинското вакцинирање.
Две години по избувнувањето на пандемијата, 44 отсто низ светот веруваат дека заканата од коронавирусот е претерана, а речиси половина (49%), не се согласуваат со ова. И покрај тоа што некои земји зборуваат за „живеење со ковоид“ и „крај на ограничувањата“, овие ставови за заканата од ковид-19 остануваат главно непроменети од пред две години. Перцепцијата дека заканата е претерана е најистакната во Индија (65%), на Блискиот Исток (61%), Западна Азија (55%), Африка (53%) и европските земји надвор од ЕУ (50%). Во Австралија (78%), Латинска Америка (62%), Европската унија (61%), Источна Азија (53%) и Русија (52%) се меѓу најголемите нации и региони кои многу не се согласуваат дека заканата е претерана.
Истражувањето покажува и дека луѓето се помалку подготвени да ги жртвуваат своите човекови права за да го спречат ширењето на вирусот две години по почетокот на пандемијата, иако подготвеноста сè уште преовладува. Сега, 60 отсто ширум светот изјавуваат дека се подготвени, па дури и многу подготвени да жртвуваат некои од своите човекови права доколку тоа би го спречило ширењето на болеста, а 31 процент не се согласуваат или многу не се согласуваат. Останатите се двоумат да одговорат. Пред една година, 70 проценти од испитаниците ширум светот изјавија дека се подготвени да се откажат од некои од своите права во борбата против ковид-19. Една четвртина се спротивставуваат на идејата да ги жртвуваат своите права за да се спречи ширењето на пандемијата.
Граѓаните во Индија (80%) Австралија (75%), Блискиот Исток (75%), Африка (65%) и Азија (62% во западниот дел на континентот и 61% во источниот) се најподготвени да се откажат од некои од своите човекови права со цел да се спречи ширењето на вирусот. Најмногу против идејата за жртвување на човековите права се луѓето во Латинска Америка (40%), ЕУ (35%) и САД (35%).
„Животот со вирусот е прифатен како ‘новото нормално‘ од поголемиот дел од јавноста низ светот, но поддршката за ограничувањата опаѓа речиси насекаде. Огромното
одобрување на владите, регистрирано во светот пред две години на почетокот на пандемијата, постојано се намалува. Вакцините веќе не се доживуваат како ‘магично чудо за спас‘ за мнозинството од глобалните граѓани и сериозно разочарување од тој аспект е регистрирано во развиените земји каде што нивото на вакцинација е високо. Кризата со пандемијата не е завршена, но начинот на кој се решаваше досега ја губи поддршката од јавноста и има јасни знаци дека ‘повеќе од истото‘ нема да функционира“, вели Канчо Стојчев, претседателот на Меѓународното здружение Галуп (ГИА).
Истражувањето „Крајот на годината – Ковид 19“ во С Македонија во 2021 година го спроведе БРИМА – македонскиот член на Меѓународната асоцијација Галуп (Gallup International Association), во периодот од 18 ноември до 2 декември 2021 година. со 1210 испитаници, лице-в-лице, во домот на испитаникот, со маргина на грешка од +/- 2.8.