14 C
Skopje
Thursday, May 6, 2021

Галевска за „Титаник“: Незаконски беа издавани лични карти

Најчитани вести

Над 500 лични карти, незаконски биле издадени за изборите во 2012 година. 20-30 лица во текот на еден ден – добивале лична карта на иста адреса, во општини во кои тогашната владејчка партија ВМРО-ДПМНЕ имала најслаб рејтинг – сведочеше денеска поранешната началничка на одделот за управни работи Јадранка Галевска за случајот „Титаник“.

Во 2012 година заедно со началници од други општини Галевска била повикана на разговор кај тогашниот шеф на кабинетот на министерот за внатрешни работи Кире Тодоровски каде им било кажано дека ќе треба да се издаваат лични карти.

Во рок од 10-тина дена следувал и вториот состанок со Тодоровски – кој и појаснил дека лични карти ќе им бидат издавани на лица кои ќе доаѓаат од Преспа – а за сето тоа за контакт ќе биде разузнавачот Мунир Пепиќ, кој лично ќе доаѓал кај неа, се со цел да не им бидат прислушувани телефонските разговори, посочи Галевска која за време на денешното рочиште директното испрашувана од обвинителката Лиле Стефанова.

„Многу е сомнително да влезат 20-30 лица во просторија во која постојано има циркулација на луѓе, многу ќе биде приметно. На тоа тој ми рече не смееш да се мешаш, тоа е висока политика. На почетокот мене Кирил преку СМС порака ми испраќаше адреси и кога доаѓаше Мунир Пекиќ, јас му ги давав зашто тие требаше да се стават на лицата кои ќе бидат донесени, по 20-30 лица на иста адреса. Веќе по втората порака му се јавив и му реков дека е претерано и дека не може да се издржи. Продолжија да се носат лицата и Мунир Пекиќ носеше адреса, истата за сите 20-30 лица кои ќе дојдат дента.“ – вели Јадранка Галевска.

Дека незаконски се издавале лични карти во Охрид, Ресен, и Преспа се чу и пред повеќе од една година, кога во судницата одекнаа и телефонски разговори. Во еден од нив означен со иницијали СМ, снимен на 9 јануари 2013, во кој разговараат поранешниот началник на УБК, Сашо Мијалков и екс министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска, наспроти личните карти кои се издавале – се слушна дека биле издадени и околу 400 државјанства – операција која ја спорведувал тогшаниот премиер Никола Груевски а за која не знаел екс началникот на УБК.

„Ние веќе една година го тераме тоа и премиерот знае. Веќе 400 државјанства имаме дадено. Ќе прекинеме ако стане проблем, а и онака сега веќе пред избори не смееме.“ – рече Јанкулоска во објавената снимка која во судот беше емитувана на 24 септември 2018 година.

За злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања, освен бегалецот Никола Груевски, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Кирил Тодоровски, и уште 13 други.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести