Home » Гази Баба со голем музички настан ќе ја слави независноста на Македонија

Гази Баба со голем музички настан ќе ја слави независноста на Македонија

by Журнал.мк

По повод 8ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, општина Гази Баба на ден 07.09.2023 година (четврток) со почеток во 19:30 часот на плоштадот во Автокоманда организира голем музички настан на кој ќе учествуваат естрадните уметници Јордан Митев, Александра Јанева, Наум Петрески, Зуица Лазова и групата Синтезис, а на настнот ќе биде изведен и уметнички перформанс со наслов “Во слава на минатото” од македонски актери, фолклорниот ансамбл Седенка и вокално инструменталната група Аманет.

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ги покани сите граѓани да присуствуваат при што напиша:- Само од нас зависи, дали Македонија ќе биде се што имаме или се што немаме. Денот на независноста е светол датум во историјата на Македонија и наша должност е да го почитуваме. – напиша Стефковски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk