13 C
Skopje
Tuesday, April 13, 2021

„Газета“: Кавани донесе одлука за својот следен чекор во кариерата

Најчитани вести

Единсон Кавани пред самиот старт на сезоната им соопшти на фановите на ПСЖ дека останува до Париз до крајот на договорот, а за потоа најави заминување по блескавите седум години кои ќе ги комплетира на „Паркот на принцовите“.

Кавани е вистински миленик меѓу навивачите на францускиот првак и негова желба е на најдобар можен начин да ја заврши својата етапа во престолнината, а во моменти кога е максимално насочен на стартот на сезоната, името на Уругваецот оваа вечер се спомена во една интересна сторија.

Угледната италијанска „Газета дело Спорт“ излезе со своја ексклузива за следниот чекор во кариерата на искусниот уругвајски напаѓач, тврдејќи дека Кавани веќе се договорил со Дејвид Бекам за да стане првата негова вистинска ѕвезда во Интер Мајами. Како што инфомира познатиот италијански весник, Единсон се договорил на тригодишна соработка со американскиот клуб, што во превод значи дека ќе биде активен најмалку до својата 36-та година во животот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести