15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Габичните инфекции за време на бременоста

Најчитани вести

Вагиналната габична инфекција е еден од најнепријатните женски проблеми. Таа може да се манифестира и во текот на бременоста. Всушност, бремените жени се повеќе подложни на габични инфекции, затоа треба да се исклучително внимателни.

Габите се микроорганизми кои живеат во нашите тела. Тие се јавуваат кај ослабен имунолошки систем. Пораст на габични микроорганизми може да се забележи и при промени во хормоналните нивоа во организмот, какви што има и во текот на бременоста.

Хормоните предизвикуваат промени и во вагиналната микрофлора, а оттаму се создава средина за развој на габите.

Кои се знаците на габична инфекција за време на бременоста?

Симптоми на габична инфекција се чешање, црвенило, иритација. Ако инфекцијата е напредна се појавува и силна непријатна миризба, слична на расипано сирење, како и вагинален исцедок.

Колку често можат да се појават габични инфекции во бременоста?
Габичните инфекции се вообичаени за време на бременоста. Поверојатно е да се јават во вториот или третиот триместар со текот на бременоста.

Што може да биде причина за појава на габична инфекција за време на бременоста?
Покрај ослабен имунолошки систем кој се концентрира во заштитата на фетусот, габични инфекции може да се сигнал за отклучен гестациски дијабетес.

Тоа е затоа што габите се хранат со шеќери. Штом нивното количество се зголемило, значи нивото на шеќерот во крвта, исто така може да се зголеми. Затоа ако се појави повеќе од една габична инфекција во краток временски период е добро да се оди на лекар за да се утврди дали има присуство на гестациски дијабетес или не.

Опасно ли е за бебето?
Опасност за бебето нема додека инфекцијата да се контролира соодветно. При првите симптоми на габична инфекција консултирајте се со лекар.

Начини за превенција на габичните инфекции во бременоста
Ризикот од габични инфекции може да се намали значително, ако не се почитуваат некои хигиенски норми. На пример, бришење по тоалет треба да се случува од напред на назад, а не обратно. Така се спречува истекување на бактерии во вагината.
Влажната долна облека и мокрите костими за капење треба веднаш да се заменат. Задржување на влага околу вагината е предуслов за развој на габични инфекции.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести