Home » Вo петок седница за уставните измени, ставовите на пратениците непознати

Вo петок седница за уставните измени, ставовите на пратениците непознати

by Журнал.мк

На неколку дена пред отворање на расправата за уставните измени на пленарна седница, пратениците сè уште го користат одморот. Стратегиите за настап в петок на собраниската говорница им се познати само на пратениците. Дали расправата за потреба од измени во највисокиот законодавен акт ќе трае 10 дена или ќе заврши по неколку часа, откако седницата ќе биде отворена за дебата, ќе се знае в петок.

Опозициските пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, деновиве ќе имаат координација на која ќе одлучат како ќе настапат, но не е исклучена можноста, како и за дебатата во Уставната комисија, само еден говорник да ги искаже ставовите против измените во Уставот.

Во владејачката коалиција сите се „за“, но сепак според информациите недостасуваат гласови со кои ќе се отвори Уставот и Бугарите ќе се вметнат во него, услов кој Бугарија го побара од земјава за нејзино продолжување кон полноправно членство во Европската унија.

Засега, останува отворено и како ќе гласаат дел од албанските партии кои побараа во истиот пакет да се сменат и 20-те проценти, со зборовите албански јазик.

Спикерот Талат Џафери, веќе неколку пати посочи дека ако нема доволен број на пратеници кои ќе гласаат „за“, по дебатата ќе го одложи гласањето сè додека не се комплетира двотретинско мнозинство, односно, 80 пратеници кои ќе дадат зелено светло за отворање на Уставот.

Ако со двотретинско мнозинство, се усвои потребата за донесување на уставни измени, Собранието усвојува заклучок и го праќа материјалот до Владата, која треба да го достави текстот на амандманите. По што, ќе започне втората фаза од измените во Уставот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More