16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

В среда протест за поддршка на жртвите на јавна соба

Најчитани вести

Платформата за родова еднаквост повикува на протестен марш в среда за поддршка на сите жртви на криминалната група „Јавна соба“. Ќе се маршира од Министерство за внатрешни работи до Јавно обвинителство.

„Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство. Бараме соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени. Бараме и инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик. Бараме соодветна грижа за жртвите од надлежните институции. Неколку приведени членови и санирање на штети нема да нè замолчат“, стои во повикот објавен на социјалните мрежи.

Маршот ќе започне во 14:30 часот пред МВР, а ќе заврши пред Јавно обвинителство.

„На двете локации ќе се обратиме до јавноста и институциите и ги охрабруваме жртвите на Јавна соба, доколку се подготвени, да ја искористат оваа шанса, да проговорат и да побараат правда. Овој случај е шанса за институциите да покажат дека се залагаат за женските права и во пракса, а не само декларативно“, велат од Платформата за родова еднаквост и нагласуваат дека не смееме да дозволиме одржување на состојба во која жртвите се множат, а институциите молчат и потфрлуваат во извршувањето на својата функција, бидејќи, како што велат, држава која не постапува, е држава која силува.

Најавуваат дека на маршот ќе бидат почитувани сите протоколи за безбедност односно ќе се носат маски и ќе се држи дистанца, а ќе бидат ангажирани соодветен број редари кои ќе бидат задолжени мерките за заштита од коронавирус да се почитуваат од почеток до крај.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести