21 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

В среда ново прскање против комарци

Најчитани вести

Град Скопје информира дека четвртата фаза од авионската и од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе почне на 31 јули, среда (авионско) и на 4 август, недела (терестрично).

Авионската дезинсекција ќе се одвива в среда и на први август во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција ќе почне на 4 август, недела и ќе заврши најдоцна до 7 август, среда. Оваа дезинсекција ќе се одвива во периодот од 23 до 4 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Град Скопје ги известува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести