0.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

В недела почнува пописот, се прават последните подготовки

Најчитани вести

Властите велат дека се е подготвено да почне и да се одржи пописот, како и оти не се очекуваат никакви проблеми.

Најавуваат дека има решение и за оние граѓани кои не сакаат да примат невакцинирани попишувачи, и оти ним ќе им бидат испратени вакцинирани.

Премиерот Зоран Заев вчера рече дека не очекува проблеми со спроведувањето на пописот, а во одговор на новинарско прашање како ќе се решаваат ситуации со оние граѓани кои нема да примат невакцинирани попишувачи, тој најави дека ќе има рокади на попишувачите.

– Ќе се трудиме секојпат со максимална флексибилност. Разговарав со министерот за правда и во една прилика и со директорот на Заводот за статистика каде што секако кога ќе се случат вакви ситуации може да се направи рокада на попишувачите за да може флексибилно да излеземе пред се во барањата и очекувањата на граѓаните, рече премиерот.

Заев истакна дека е мал процентот на ваквите реакции, затоа што и поголем дел од попишувачите се вакцинирани, а, како што рече, и над 50 проценти граѓани над 40 години се, исто така, вакцинирани.

– И попишувачите се вакцинирани во значителен процент. Мислам дека имајќи во предвид дека пописот се спроведува 20 дена, овој пат е 25 дена имаме дополнителни можности за флексибилно постапување се со конечна цел стопроцентно да ги собереме сите податоци од нашите граѓани, истакна Заев при посетата на средното медицинско училиште „Панче Караѓозов”.

Министерот за правда Бојан Маричиќ пак рече дека попишувачите се добро подготвени, оти имаат и добра опрема за реализирање на пописот.

-Очекувам во недела наутро да започне пописот, којшто ќе трае до 30 септември и којшто треба да ги собере сите информации. Правни пречки нема никакви, за да почне пописот, нема ниту технички и логистички пречки. Точно е дека се работи на дополнување на бројот на резервни попишувачи во одредени подрачја. Владата на располагање ги стави оние лица, кои се ангажирани со договор на дело по институциите, да помогнат таму, каде што има потреба и мислам дека со тоа ќе се заокружи бројот на попишувачи, вели Маричиќ.

Посочи дека сите здравствени мерки и за попишувачите и за населението се донесени во соработка со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

-Така што сите предуслови се направени, за безбеден, брз и кредибилен Попис во Република Северна Македонија. Првпат после 20 години, додаде Маричиќ.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на пописот, покрај другото, гледа и на можност да се знаат точните и конечни бројки и стстистички белези на лицата во социјален ризик, лицата со одредени попречености, лицата кои имаат потреба од било какви услуги социјални услуги за да може така да се креираат политиките.

– За да можеме како Министерство за труд и социјална политика, за да може локалната самоуправа како партнер, за да можат и невладините организации да бидат вклучени во имплементација на социјалните услуги во заедницата, нас ни се неопходни вистинските бројки. Оттука, пописот како статистичка операција, којашто започнува на 5 септември, многу е значаен за нас како Министерство за труд и социјална политика. Потребно ни е да го знаеме бројот на лица кои имаат потреба од Дневни центри, каде се наоѓаат територијално во државата, колкава е нивната возраст, колку лиценцирани даватели на вакви услуги имаме и колку финансиски средства е потребно да се проектираат во нашиот Буџет, за испорачување на овие услуги во заедницата, рече министерката Шахпаска.

До почетокот на пописот ќе се вршат дополнителни обуки, но и обиколка на пописните кругови со кои се задолжени попишувачите. До недела, секој попишувач заедно со својот реонски инструктор ќе направи и план за движење низ пописниот круг со цел ниту еден објект, ниту едно домаќинство, да не остане неопфатено. .

Пописот ќе почне во недела, на 5 септември, и ќе трае до 30 септември. До тој ден ќе трае и онлајн пописот на дијаспората што почна на 1 март. До вчера до 7.30 часот во дијаспората се попишани 190.890 граѓани. Ваква статистичка операција во земјава последен пат е спроведена во 2002 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com