Home » В Болница се 55 болни од ковид-19, двајца починати за една недела

В Болница се 55 болни од ковид-19, двајца починати за една недела

by Журнал.мк

Продолжува да се намалува бројот на тестирани за ковид-19, на заболени, хоспитализирани и починати. Според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во периодот од 11 до 17 април тестирани се 12.663 граѓани, што е намалување од 12,3 проценти во однос на претходната недела. Регистрирани сe 806 нови позитивни од 27 градови во државата, со намалување од 26,9 отсто. Процентот на позитивност се движи околу 5,9.

Најголем дел од регистрираните болни се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Битола. Вчера во седум градови немаше активни болни со коронавирус: Дојран, Дебар, Валандово, Демир Капија, Македонска Каменица, Македонски Брод и Богданци. Меѓу заболените има од сите возрасни групи. Најзастапени се оние над 60 години. Најмал број е регистриран кај децата до деветгодишна возраст.

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.108 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 25,9% помалку во споредба со претходната седмица. Имало 130 реинфекции, со намалување од 24,9% . Пријавени се два смртни случаи од Скопје и Демир Хисар или за 81,8% помалку во однос на претходната недела. И натаму присутни се BA.1 и BA.2 подваријантите на oмикрон.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 55 лица или 12,7% помалку, од нив 21 се на кислородна поддршка поточно 16% помалку и нема пријавено лица на механичка вентилација идентично како претходна недела.

Заклучно со 17.04.2022 година пријавени се вкупно 308.620 случаи со коронавирус. Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово и Кавадарци, а највисок морбидитет е регистриран во Кавадарци и Скопје. Највисок морталитет се регистрира во Охрид, Кавадарци и Прилеп. Највисок леталитет се регистрира во Струга и Крива Паланка. Досега вкупниот број на реинфекции е 12.265, од кои 20 завршиле со смртен исход. Регистрирани се 9.262 смртни случаи, од кои 7.283 (83,1%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларни, дијабет и белодробни.

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата, Македонија е во фаза на широка трансмисија, подниво 1, со соодветни капацитети за одговор.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More