20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Вјоса Османи: ЕУ да реагира на српските тенденции за дестабилизација

Најчитани вести

Косово и Србија не можат да бидат третирани исто кога станува збор за употреба на реторика за поттикнување војна. Европската Унија треба да реагира на „дестабилизирачките тенденции на Србија“, изјави косовската претседателка Вјоса Османи по средбата во Приштина со албанскиот претседател Бајрам Бегај.

Реакцијата на Османи доаѓа еден ден откако Европската Унија ги повика лидерите во Косово и Србија да ѝ стават крај на запаливата реторика и нагласи дека политичките лидери ќе ги смета за одговорни за каква било ескалација на ситуацијата во регионот.

„Очекуваме Европската Унија да биде погласна против дестабилизирачките тенденции на Србија кон целиот регион, овие тенденции се охрабруваат и им служат на интересите на Русија. Не може и не може да има еквивалентност во односот на страните кога Србија е јасно агресор и таа е таа којашто користи реторика на поттикнување војна во однос на Косово, но и дејствија кои ги нарушуваат мирот и стабилноста на Косово“, вели Османи.

Реакцијата на ЕУ се однесуваше на серијата препукувања меѓу високи претставници во Србија и Косово за зголемените тензии. Имено, косовскиот премиер Албин Курти изјави дека постои ризик неодамнешните тензии на северот да прераснат во вооружен конфликт, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека има информации оти Приштина се подготвува да ги „ликвидира“ Србите на север. Албанскиот претседател Бегај оцени дека Косово покажало воздржаност при последните тензии на северот на 31 јули и 1 август, кога локалните Срби ги блокираа патиштата за да го изразат своето противење на одлуките на Косово за српските регистарски таблички и документи.

Албанскиот претседател рече дека дијалогот со посредство на Европската унија меѓу Косово и Србија е единствениот начин, како што рече, јасно да ѝ се стави до знаење на Србија дека „реалноста на независно Косово е неповратна и непроменлива“.

„Формулата за решавање на дијалогот Косово-Србија искажана од претседателот на САД, Џо Бајден, како сеопфатен договор за нормализација на односите е фокусирана на заемно признавање. Или ставот што го повтори канцеларот Олаф Шолц дека признавањето на независноста на Косово од Србија е услов за членството на Србија во ЕУ, се охрабрувачки во нашите напори дека конечниот резултат е еден: обврзувачки правен договор кој прецизно дефинира меѓусебно признавање, членството на Косово во ОН и ЕУ, како и адекватен третман на малцинствата според Уставот на Косово“, рече Бајрам Бегај, претседател на Албанија.

Претседателот на Албанија даде поддршка за членство на Косово во меѓународните институции, како ЕУ и НАТО и рече дека Тирана ќе работи на укинување на европските Шенген визи за Косово.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com