17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Вчера се вакцинирале 9.142 граѓани

Најчитани вести

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 249.187 граѓани, информира Министерството за здравство. Прва доза вакцина вчера примиле 1.755 граѓани, а се вакцинирале вкупно 9.142 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 399.962 дози вакцини, а ревакцинирани се 150.775 граѓани.

Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 443.374 граѓани, велат од МЗ.

Според оваа институција, вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата, и тоа во А1 Арена, СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com