22.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Вчера во скопската зоолошка градина се роди бебе лемур

Најчитани вести

Вчера во скопската зоолошка градина се роди бебе лемур.

„Неделна радост во Скопје ЗОО – имаме бебе лемур. Прстенопашестите лемури се загрозен вид и во природата се останати само околу 2.200-2.400 лемури.

Нашата зоолошка е една од ретките каде што секоја година се раѓаат по неколку лемурчиња и со тоа работиме на продолжување на видот“, објави скопската зоолошка градина на фејсбук.

Минатата година, велат од зоолошката градина, се роди едно лемурче по подолго време во зоолошката во Mосква и тоа беше сензација со месеци низ цела Русија.

„Очигледно, скопската топла клима, но и грижата за нив, се клучни да имаме најмногу бебиња од овој загрозен вид. Заедно со сите вас, да ја покренеме свеста за овие прекрасни и уникатни животни од мадагаскар“, велат надлежните од ЗОО.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести