31.8 C
Skopje
Wednesday, August 17, 2022

Вучиќ: Ќе продолжиме да продаваме оружје !

Најчитани вести

Товарниот авион Антонов Ан-12, кој се урна во саботата вечерта кај Кавала во северна Грција, превезувал 11,5 тони минофрлачки гранати од српско производство, кои биле на пат кон Бангладеш.

Атина претходно денеска најави дека чека информации и објаснување од Белград, жалејќи се дека Србија не ги известила грчките власти за летот.

Покажувајќи му ги производите на српската воена индустрија на својот египетски колега Абдел Фатах ал-Сиси, Вучиќ рече дека Србија ќе продолжи да продава оружје каде што е можно и во согласност со меѓународните прописи.

„Авионска несреќа! Дали ќе продолжиме да продаваме? Секако дека ќе го направиме тоа, а и на Сенегал и на Бангладеш… Тоа е прашање на живот за Србија. Не ми паѓа на памет да ја уништам сопствената земја“, изјавил Вучиќ за новинарите.

Тој додаде дека „сите се заинтересирани за оружје од Србија“ кое ќе го продава на „дозволените крајни корисници“. Ал Сиси, кој е во посета на Србија, беше на изложба на производи од српската воена индустрија што Белград се обидува да му ги понуди на Каиро.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com