21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Вучиќ утре ќе прими кинеска вакцина

Најчитани вести

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе ја посети Рудна Глава, каде што ќе биде вакциниран против коронавирусот.

Вучиќ ќе ја прими кинеската вакцина на „Синофарм“ , а потоа ќе разговаа со жителите на Рудна Глава и ќе даде изјава за медиумите.

Пред неколку дена, за време на прославата на почетокот на работите на делот од патот Нов Белград, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека ако новиот контингент на кинески вакцини на „Синофарм“ пристигне во Србија во понеделник, тој во вторник ќе замине за Рудна Глава за да се вакцинира.

Половина милион дози вакцини на „Синофарм“ пристигнаа утрово на белградскиот аеродром, а премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека досега од Кина во Србија се доставени 2,5 милиони вакцини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести