17.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Вучиќ: Србија планира купување „рафали“

Најчитани вести

Србија планира да набави француски воени авиони „рафал“, кажа денес претседателот на Србија Александар Вучиќ за Ројтерс.Тоа, според британската новинска агенција, експертите го гледаат како „најновиот знак дека Белград се дистанцира од традиционалниот снабдувач со оружје и сојузник Русија“.

„Преговаравме една година за ова купување 12 нови авиони, а планираме да купиме уште 12 користени авиони од друга земја“, кажа Вучиќ.

Србија и Десо авијасион, француската компанија за производство на воени и деловни авиони, разговарале за купопродажба на 12 авиони, објави француски Трбјун викли минатата недела.

Ројтерс потсетува дека пред три години Србија купи „мистрал“, француски систем земја-воздух, а во 2016 година купи хеликоптери од Ербас.

„Заинтересирани сме за набавка на „рафали“, го бараме најдобриот начин да ги купиме, а да не ги загрозиме нашите јавни финансии“, додаде Вучиќ.

Претседателот на Србија истакна дека Белград исто така размислува за купување дополнителни авиони за да ги замени леталата од времето на поранешна Југославија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com