Home » Вучиќ: Силата на Србија денес е голема, зарем да дозволиме некој да ни ја шпионира касарната

Вучиќ: Силата на Србија денес е голема, зарем да дозволиме некој да ни ја шпионира касарната

by Журнал.мк

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека не е првпат да се забележат дронови над касарната на српската војска, а дека земјата не може да дозволи некој да ѝ ги шпионира воените објекти. РТС. Тој како што објави српската државна телевизија вели дека во наредните денови ќе објави многу детали од разговорите со европските лидери и ќе ја информира јавноста за сите притисоци.

Вучиќ на новинарско прашање за време на вежбата „Маневри 2022“, одговори дека „луѓето обично живеат во времето од пред 20 или 30 години, но работите се сменил“е.

„Србија е многу посилна. Силата на Србија денес е неспоредлива во споредба со минатото, но од друга страна, не е во прашање силата, пред сè е и политиката“, рече тој.

Инаку, српските противвоздушни сили вчера соборија дрон над касарната во градот Рашка.

И претходно, според српските власти, било забележано набљудување и извидување на касарната со дронови.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More