12.8 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Вучиќ се сретна со Деп: Сите дами од кабинетот останаа да работат прекувремено (ФОТО)

Најчитани вести

Актерот Џони Деп пристигна во Белград за промоција на анимираната серија „Пафини“ произведена во Србија.

Во Белград се сретнал со српскиот претседател Александар Вучиќ. Топло се поздравиле и разговарале во официјалното седиште на претседателот на Андриќев Венац. Вучиќ се пофали со дружењето на Инстаграм.

„Ти благодарам драг Џони за се` што правиш за промоција на Србија“, напишал Вучиќ со фотографиите со славниот актер.

“Почестен сум со доаѓањето на Џони Деп во нашата земја, особено сум му благодарен за прекрасниот подарок, Silent Sparrow, што го добив. Сепак, мојот главен впечаток е дека никогаш не сум видел таква трудољубивост и посветеност на сите дами во мојата канцеларија, бидејќи сите работеа прекувремено, се облекоа како никогаш досега, и сигурен сум дека тоа е само поради мене, а не поради Деп“, се пошегувал Вучиќ.

Деп дојде во Белград со приватен лет од Рим. Денеска напладне требаше да одржи прес -конференција, но беше одложена за вечерва во 19 часот.

За време на посетата на Белград, Џони Деп, Андреа Иерволино, Моника Бакарди и Милош Биковиќ ќе го претстават својот најнов заеднички проект, кој е реализиран со поддршка на Министерството за култура и информации на Република Србија. Ова е продолжение на долгогодишната соработка на Деп со филмската и телевизиската продукциска куќа Iervolino & Lady Bacardi Entertainment.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com