Home » Вучиќ: Се надевам, но не сум сигурен дека ќе има решение за Северна Македонија

Вучиќ: Се надевам, но не сум сигурен дека ќе има решение за Северна Македонија

by Журнал.мк

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се надева, но не е сигурен дека ќе се најде решение за тргање на бугарското вето и деблокада на евроинтеграцијата на Северна Македонија.

– Разговарав утрово со премиерот Димитар Ковачевски и се надевам, но не сум сигурен, рече Вучиќ во изјава за новинарите во Брисел пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Валкан.

Прашан дали за него е прифатлива билатертилација на процесот на пристапување во ЕУ како што бара Бугарија, Вучиќ одговори дека истото му е направено и на Белград со Приштина со поглавјето 35.

– Не можам да кажам дека господинот Ковачевски е среќен, ќе видиме што ќе се случим додаде Вучиќ.

За односот на Белград кон Скопје, Вучиќ рече дека Северна Македонија за Србија е братска и пријателска земја.

– Се што чувствувате вие во Скопје, чувстуваме и ние во Белград. Ние ништо не очекуваме од вас. Очекуваме да ги развиваме пријателските и братски односи и верувам дека секогаш и на европскиот и на сите други патиша ќе бидеме заедно, додаде Вучиќ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More