12.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Вучиќ се врати со нов проект од Брисел: За три и пол часа ќе се стигнува со воз од Белград до Скопје

Најчитани вести

Европската Унија ќе инвестира повеќе од 600 милиони евра во изградба на брза пруга меѓу Белград и границата со Северна Македонија, како што најави српскиот претседател

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, по разговорите со претставниците на ЕУ во Брисел, изјави дека на крајот на август почнува изградбата на проектот Ниш-Приштина и оти се договара железничка пруга до Прешево, јави МИА од Белград.

“Европската Унија ќе инвестира повеќе од 600 милиони евра во изградба на брза пруга меѓу Белград и границата со Северна Македонија.Најважното нешто за што разговаравме овде во Брисел е тој фантастичен проект на брзата пруга Белград-Ниш, за кој добивме понуда од Кинезите. Европејците рекоа дека можат да дадат подобра понуда и добивме неверојатна цена“, изјави Вучиќ.

Вучиќ објасни дека, според избраната варијанта, тоа ќе ја чини Србија максимум 1,2 милијарди, бидејќи околу 35 до 50 отсто ќе пари од ЕУ.

“Ќе се молиме сè да биде готово до крајот на 2025 година или почетокот на 2026 година, изјави Вучиќ, потенцирајќи дека „ова е голема шанса за Србија и голема надеж“.

Тој изјави дека ќе се гради комплетна пруга од Ниш до Прешево, што не е едноставна работа, особено во Грделичката клисура.

“Верувам дека од Белград до Скопје, со сите станици, ќе се патува нешто повеќе од 3 часа, околу 3 часа и 30 минути до Скопје од главниот град на Србија. Со авион не можете побргу да стигнете. Ова се неверојатни промени“, рече Вучиќ.

Тој изрази надеж дека договорот во врска со ова ќе биде потпишан наскоро и пренесе дека ја поканил претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајан, да дојде во Србија и да види на лице место колку е важен проектот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com