9.8 C
Skopje
Sunday, December 4, 2022

Вучиќ: Поплаките на Бугарија се „приказни за мали деца“, Македонија не е виновна

Најчитани вести

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја посочи Европската Унија, а не Македонија или Бугарија, како причина за застојот во процесот на проширување.

– Северна Македонија не е виновна, со оглед на тоа дека ги исполни сите услови за почеток на преговори за членство во ЕУ, вклучувајќи ја и промената на своето име. Покрај тоа, поплаките на Бугарија, кои доведоа до вето на Северна Македонија, беа „приказни за мали деца“ – изјави тој.

Прашан дали Германија или Франција не сакаат напредок на земјите-кандидатки на патот кон ЕУ, Вучиќ одби да го впери прстот кон конкретна држава, но истакна дека „во моментов со сигурност нема желба за проширување“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести