23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Вучиќ: очекуваме концентриран притисок од ЕУ и САД околу Косово

Најчитани вести

Претседателот на Србија Александар Вучиќ оцени дека може да се очекува „концентриран“ притисок од ЕУ и САД врз Србија во врска со прашањето на Косово. По седницата на Претседателството на Српската напредна партија (СНС), Вучиќ рече дека на Србија и претстои „тежок период“ во кој, како што оцени, ќе биде изложена на „сите можни притисоци, кампањи и невистини“. „Важно е да се разбере тежината на позицијата во која се наоѓаме сега, особено по промената во администрацијата на САД. Можеме да очекуваме концентриран притисок од ЕУ и САД врз Србија да ги исполни барањата за, како што отворено вели Вашингтон, признавање на Косово“, изјави Вучиќ.

Оценувајќи дека ќе има и обиди за одземање на надлежностите на властите на Република Српска. „Кога на тоа ќе го додадете целиот регионален контекст во кој не е лесно да се зачува позицијата на Србија, која расте најбрзо економски … Сите други ќе погледнат како да ја прогласат Србија за хегемон“, рече Вучиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести