Home » Вучиќ: Нема да има струја во регионот оваа зимa

Вучиќ: Нема да има струја во регионот оваа зимa

by Журнал.мк

Загрижен сум за зимата, нафтата повторно скокна, струја никаде ќе нема, кој знае, ќе има тешка зима за сите нас, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој укажа на многу предизвици во енергетскиот сектор. Тој предупреди дека Србија ќе биде во тешка енергетска положба, ни крива ни должна.

Вучиќ изјави дека државата се подготвува за тешка зима и обезбедува се што е потребно, но дека секојдневно има по десетина нови проблеми и дека треба да имаме предвид дека од ноември повеќе нема да можеме да увезуваме руска нафта.

Вучиќ рече дека само денеска само во Обреновац се трошат 350 тони мазут бидејќи јагленот се уште не е сув и доволно квалитетен и дека во зима ќе се троши седум пати повеќе отколку сега.

Треба да обезбедиме мазут, НИС нема доволно мазут, па увезуваме 20.000 тони, па пресметајте дека ви требаат 120.000 тони за цела зима“, рече Вучиќ.

Тој вели дека мазутот никаде го нема и дека мора да се увезува од Романија.

„Сите сакаат станот да им биде топол за да можат да носат шорцеви и маица. Никој не сака да носи џемпер во зима и стан, и никој не прашува како ќе наполниме доволно гас, како ќе обезбедиме 2,7 милиони кубни метри гас на ден само за гасни централи во Нови Сад, Панчево и Зрењанин“, рече Вучиќ.

Што ако ни се случи некаков дефект во Рафинеријата, каде ќе ги набавиме деловите“, напомена Вучиќ.

Моментално можеме да ископаме 62.000 тони, а зимата ни требаат од 95.000 до 100.000 тони, ќе ископаме можеби 75.000 или 80.000 тони, а каде да увеземе јаглен, како ќе го транспортираме, каков е квалитетот?“, рече Вучиќ.

Нема да има струја во регионот оваа зима. Единствените кои сигурно ќе имаат струја се Бугарите, поради нуклеарната централа. Но, кога разговарате со Србите за нуклеарните централи, тогаш е „не, не, не “, истакна Вучиќ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More