-6 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Вучиќ на гости кај Путин по шпионската афера во Србија

Најчитани вести

Владимир Путин денеска ќе биде домаќин на Александар Вучиќ во Сочи по шпионскиот скандал што ги потресе традиционално пријателските односи меѓу Русија и Србија.

Најавувајќи ја средбата, Кремљ само објави дека двајцата лидери планираат да разговараат за клучните прашања за билатерална соработка, како и за регионални и меѓународни теми, пренесе „Индекс“, повикувајќи се на државните руски медиуми.

Вучиќ минатиот месец изјави дека е збунет од обвиненијата оти Русија тајно се обидела да придобие воени разузнавачки информации за Србија, затоа што двете земји се традиционални сојузници.

„Србија не воведе санкции за Русија и никогаш не гласала против неа. Србија никогаш не го загрозила пријателството со Русија“, рече тогаш српскиот претседател.

За потсетување, на платформата „Јутуб“ минатиот месец беше објавено видео на кое се гледа руски разузнавач кој дава пари на српски службеник. Српската безбедносно-информативна агенција (БИА) ја потврди автентичноста на снимката.

Минатиот месец Србија потпиша договор за слободна трговија со Евроазиската економска унија (ЕАЕУ) во состав Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан.

Србија најверојатно ќе мора да се повлече од овој договор ако влезе во Европската Унија, а нејзиното пристапување се планира околу 2025 година.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести