Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денес дека во септември треба да има некаков вид продолжување на преговорите со Косово во Берлин или Париз.
„Потребно е некое време за повторно да се говори за некои работи. Мразам да ја префрлам вината на другата страна и да говорам за таксите и не знам што, ајде да почекаме големите сили да си ја завршат својата работа, па ние, исто така, ќе излеземе со она што е наше“, кажа Вучиќ откако заедно со францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со студенти.
Вучиќ изјави дека Макрон ја разбира тежината на проблемот и додаде дека работите не можат да се решат, доколку никој од било што нема да отстапи. Според него, компромисот не е слабост туку сила и додаде дека секогаш ќе се залага за компромис кој не е предавство и отстапување, туку вистински компромис.