Home » Вучиќ: Наскоро првиот договор со ОАЕ за набавка на „самоубиствени“ дронови

Вучиќ: Наскоро првиот договор со ОАЕ за набавка на „самоубиствени“ дронови

by Журнал.мк

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека Србија во рок од 48 часа ќе го потпише првиот договор со Обединетите Арапски Емирати за набавка на т.н. самоубиствени дронови од таа земја.

Вучиќ додаде дека „се надева“ дека за пет до шест месеци првите српски самоубиствени беспилотни летала ќе пристигнат во српските вооружени сили.

  • Во рок од 48 часа ќе го потпишеме првиот договор со ОАЕ за купување на нивните самоубиствени беспилотни летала и тие многу брзо ќе бидат на територијата на Србија, рече Вучиќ на IDEX, саем за оружје и воена опрема што се одржува во Абу Даби.

Таканеречените „самоубиствени“ дронови се мали и преносливи беспилотни леталакои носат боеви глави и детонираат при удар.

Вучиќ додаде дека во наредните денови очекува ескалација на конфликтот во Украина, што, според него, уште повеќе ќе ја отежне позицијата на Србија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk