9.8 C
Skopje
Sunday, December 4, 2022

Вучиќ: До крајот на годината, просечната плата ќе изнесува 610 евра

Најчитани вести

Српскиот претседател Александар Вучиќ, синоќа како гостин на ТВ Хепи, во врска со просечната плата, рече дека, кога дошол на функцијата премиер, Србија делела третото и четвртото место со Македонија.

„Црна Гора беше пред нас со просечна плата од 500 евра, БиХ со 372 евра, а ние имавме просечна плата од 330 евра. Сега сме први со просечна плата од 560 евра, Црна Гора има 520 евра, БиХ 490 евра, а потоа следат Северна Македонија и Албанија“, рече тој, додавајќи:

„До крајот на годината ќе ја престигнеме Бугарија во однос на просечната плата и им ветувам на пензионерите дека ќе се обидеме да ги одржиме пензиите што е можно повисоко“.

Вучиќ рече дека Бугарија во моментов има просечна плата од 580 евра, а дека Србија ќе има просечна плата од 610 евра до крајот на годината.

Тој, исто така, им вети на пензионерите дека ќе добијат не само 20.000 еднократни надоместоци, но и дека државата ќе се обиде да ги одржи пензиите, на високо ниво како што се и платите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести