15.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Вучиќ: Добив податоци од фронтот, очекувам пад на Мариупол

Најчитани вести

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ за време на гостувањето во емисија на една од српските телевизии се осврнал на ситуацијата во Украина, велејќи дека добил информации од фронтот.

Како што изјави, видел податоци од бојното поле и дека не слуша пропаганда, туку само чита проверени информации.

„Очекувајте пожесток судир на големите сили бидејќи, како што стојат работите, руските сили веројатно ќе го окупираат Мариупол“, рече тој.

Вучиќ рече дека се плаши од утрешниот ден и дека се надева дека мирот ќе се зачува и дека конфликтот нема да се прошири.

„Секој ден вестите се сѐ потешки“, рече тој.

Претседателот ја пофалил и изјавата на Јенс Столтенберг за неширење на конфликтот.

Тој се осврнал и на изјавите на високи функционери.

„Макрон, за кој верувам дека повторно ќе победи, рече граѓаните на Франција да се подготват за ваучери за храна. Франција која е најсилната земјоделска сила. Замислете и јас како него реков: „намалете го греењето, штедете“, а тие се неспоредливо посилни од нас“, истакна тој.

Вучиќ истакна дека нивна работа е да го зачуваат мирот и дека српската економија оди напред, како и дека луѓето од странство се враќаат назад.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com