-8.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Вучиќ: доаѓаат руските ракети Корнет

Најчитани вести

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека до крајот на годинава во Србија ќе пристигнат руски противтенковски ракети Корнет, а во „не така далечна иднина“, како што рече, и работи од стратешки интерес за земјата. Вучиќ во своето обраќање пред новинарите по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи изјави дека двете земји имаат многу добра воено-техничка соработка.

„Се молев некои работи брзо да стигнат во Србија. Тоа се лансирни рампи и ракети Корнет за противоклопна борба, што е исклучително важно, особено во нашата област. Тоа не се стратешки работи, но се многу важни во тактичка смисла“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека „работите од стратешки интерес“ ќе пристигнат во Србија во „не така далечна иднина“.

„Не плачеме и не кукаме кога нашите соседи добиваат на подарок оклопни возила „Бредли“, „Панцерхаубици“ или хеликоптери „Кајова“, кога купуваат авиони од четврта плус или петта генерација. Мора да бидеме доволно одговорни, не смееме да бидеме слаби и вреќа за удирање, туку многу силни“, рече Вучиќ.

Тој наведе дека Путин се согласил цената на гасот за Србија во наредните шест месеци да не се менува и да остане 270 долари за 1000 кубни метри.

Вучиќ додаде дека Србија „благодарение на пријателството на Путин“ заштедила повеќе од 300 милиони евра, кои би ги изгубила за шест месеци по берзанска цена на гасот и додаде дека добила и сигурност во снабдувањето. Тој изјави дека Путин ја прифатил неговата покана и потврдил дека ќе дојде во Србија во периодот од мај до септември следната година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com