-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Вучиќ: Граѓаните на Србија се во болка заедно со луѓето во Тетово, нудиме братска помош

Најчитани вести

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска телефонски разговараше со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и, по повод пожарот во болницата во Тетово, во име на сите српски граѓани изрази сочувство до семејствата на жртвите, јави дописникот на МИА од Белград.

-Граѓаните на Србија се во болка заедно со луѓето во Тетово. Подготвени сме да пружиме секаква братска помош, бидејќи граѓаните на Македонија не се сами во оваа трагедија, потенцираше Вучиќ во телефонскиот разговор со премиерот Заев, соопштија од прес – службата на српскиот претседател.

Тој на повредените им посака брзо и успешно закрепнување.

Речиси сите српски медиуми од синоќа и денес ја информираат српската јавност за големата трагедија со пожарот во Ковид болницата во Тетово.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com