9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Вучиќ го обвинува Твитер за цензура: Едвај чекам да ме исклучат и да бидам уште еден Трамп

Најчитани вести

Едвај чекам да ми го исклучат налогот и да бидам уште еден Трамп во светот, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ откако РТВ стана 11. медиум во Србија што Твитер нема да го препорачува на своите корисници, означувајќи го како медиум чија уредувачка политика ја контролира Владата, преку финансирање или директни или индиректни притисоци.

-Па со кого ќе соработуваат? Со магнати, криминалци и крадци? Најнормално е тие да соработуваат со Владата. Ние ги плаќаме повеќето од тие медиуми, како држава. И тие ги плаќаат Гласот на Америка, Би -би -си, а не ги означија како владини медиуми. Ова води кон друго прашање, кој е, всушност, тука вистинскиот цензор. Така што, едвај чекам да се исклучи мојот налог и да бидам уште еден Трамп во светот, вели Вучиќ.

Твитер ги означи налозите на телевизиите РТС, Пинк, Прва, Б92 и Хепи, како и на новинската агнеција Танјуг и на печатените весници „Курир“, „Информер“, „Политика“ и „Српски телеграф“ како „медиуми што соработуваат со Владата на Србија.

Српското министерство за култура реагираше дека е изненадено од овој потег на дсоцијалната мрежа.

Пролетта минатата година, Твитер соопшти денеска дека се избришани над 8 500 налози за промоција на Вучиќ и владејачјата Српска напредна странка. Тогаш, беа избришани и налози поврзани со владејачките партии во Египет, Хондурас, Индонезија и Саудиска Арабија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com