Почна состанокот Брдо-Бриони во Скопје. Пристигнаа сите претседатели за регионот за да разговараат за евроинтеграциите и иселувањето на младите што е еден од најголемите проблеми во сите земји од овој дел на светот.
Најголема звезда во Скопје е претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Сите камери и фоторепортери се вперени во него и сите сакаат фотографија со него.
Во Скопје е и претседателката на Косово, Вјоса Османи, па се очекува и нивна директна средба пред продолжување на дијалогот Белград-Приштина.