-7.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Вучиќ ги обвинува соседите дека брутално лажат за бројките на заразени

Најчитани вести

Ситуацијата со короната не е наивна, бројките на новозаразени ќе растат сѐ повеќе, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Некои во соседството брутално лажат кога станува збор за бројот на тестирани и новозаразени“, истакна Вучиќ во гостување во ТВ Пинк. Тој додаде дека тоа може да се заклучи по фактот што заразените во Србија се вратени од одмор во Грција, Хрватска или Црна Гора.

Рече дека сепак во регионот немаме голем број вакцинирани.

„Можете точно да видите дека, како беа брановите на враќање од одмор, така се зголемува и бројот на новозаразени. Со поголема бројка на имунизирани би биле поотпорни. Не можам да го кршам Уставот со воведување на премногу ригорозни мерки. Да немавме вакцини, јавно ќе ме распнеа на Теразије“, изјави Вучиќ.

Бројот на заразени кај нив вчера беше скоро 800.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com