30.8 C
Skopje
Friday, July 23, 2021

Вучиќ во Њујорк: Србија е подготвена да се врати на дијалогот со Косово по укинувањето на таксите

Најчитани вести

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Њујорк се сретна со функционери од американскиот Стејт департмент, помошникот на државниот секретар Филип Рикер и специјалниот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, со кои разговараше за можното отстранување на пречките со цел да продолжи дијалогот помеѓу Белград и Приштина, соопшти српското претседателство.

Вучиќ на состанокот, на маргините на Генералното собрание на ООН, рече дека Србија е подготвена да се врати на дијалогот по укинувањето на таксите што Косово ги наметна врз српските производи. Вучиќ додаде дека искрено се залага за постигнување реален и одржлив компромис во решавањето на косовското прашање, се наведува во соопштението.

„Тој компромис би морал да се земе предвид и да се почитуваат интересите на тамошните Срби, како и зачувувањето на државните и националните интереси на Србија“, изјави Вучиќ.

Како што се наведува во соопштението, Вучиќ и американските функционери разговарале и за ситуацијата на Западен Балкан, согласувајќи се дека мирот и стабилноста се од суштинска важност за политичкиот и економскиот напредок, како и за европскиот пат на целиот регион.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести