-3.7 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Втор отказ сезонава: Еспањол го отпуштија и Мачин

Најчитани вести

Фудбалскиот клуб Еспањол потврди дека тренерот Пабло Мачин добил отказ. Еспањол, по 18 рунди во Ла Лига, се наоѓа на последната позиција на табелата со десет поени.

Еспањол наскоро ќе го добие третиот тренер од почетокот на сезоната. Новото првенство на тренерската позиција го започна Давид Гаљего, а откако доби отказ на 7 октомври тој доби отказ за шеф на стручниот штаб беше назначен поранешниот тренер на Џирона и Севилја.

Доаѓањето на Мачин само ја продлабичи кризата во Еспањол. Тимот под негово водство на шест натпревари во Ла Лига, од можните 18 успеа да освои само еден бод.

Еспањол оваа сезона имаат само две победи и дури 12 порази во Ла Лига.

Клупските челници во наредните денови ќе решат кој ќе го наследи Мачин. Новиот тренер ќе има тешка задача да избори опстанок во лигата.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести