21.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Втор ден од состанокот на политичките директори на НАТО во Скопје

Најчитани вести

Во Скопје продолжува неформалниот состанок на директорите за политичкo – безбедносни прашања на министерства за надворешни работи на НАТО на земјите-членки на НАТО.

Со состанокот претседава помошничката на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика Бетина Каденбах. На состанокот, исто така учествуваат и високи претставници на Европската Унија.

На првата работна сесија на состанокот, посветена на Западен Балкан вчера се обрати министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој рече дека отсуството на кредибилна европска и евроатлантска перспектива на Западен Балкан може да има мноштво негативни последици, особено во поглед на регионалната стабилност.

– Оттука, забрзувањето на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, како и консолидираниот пристап на НАТО и ЕУ во регионот е најдобрата алатка за надминување на безбедносните предизвици и зачувување на демократските процеси во нашите простори, порача Османи кој го отвори состанокот.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, по зачленувањето на земјата во НАТО за прв пат е домаќин на еден ваков настан, на кој учествуваат високи гости од сите земји – сојузнички, соопшти МНР.

Министерството додава дека одржувањето на состанокот на Директорите за политичкo – безбедносни прашања на министерствата за надворешни работи на НАТО во Скопје е уште еден доказ за стратешкото значење на регионот за Северноатлантскиот сојуз.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com