4.1 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Вселенскиот патријарх Вартоломеј хоспитализиран во САД

Најчитани вести

Вселенскиот патријарх Вартоломеј беше хоспитализиран во Вашингтон на првиот ден од планираната 12-дневна посета на Соединетите Држави. Грчката православна надбискупија на Америка соопшти дека тој се подготвувал за служба во црквата Света Софија во Вашингтон кога се разболел „поради долгиот лет и густиот распоред на обврски што ги имал по пристигнувањето“. „Неговиот лекар го советуваше да се одмори и превентивно беше пренесен во Универзитетската болница Џорџ Вашингтон на преглед“, се вели во соопштението.

81-годишниот Бартоломеј денеска требаше да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден. Покрај закажаните состаноци со највисоките американски претставници, Вартоломеј треба свечено да ги „отвори вратите“ на Грчката православна црква и националниот храм Свети Никола во Њујорк, кој беше изграден наместо парохиската црква уништена на 11 септември 2001 година во нападот врз Светскиот трговски центар. Тој првично требаше да ги посети Соединетите држави во мај 2020 година на покана на тогашниот државен секретар Мајк Помпео, но неговото патување беше одложено поради пандемијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com