-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Време е за финале, Англија и Италија ќе ја водат последната битка на Европското првенство

Најчитани вести

Денеска е последниот ден од Европското првенство, на Вембли од 21 часот завесата ќе почнат да ја спуштаат Англија и Италија, селекциите кои покажаа најмногу и дојдоа до мечот за големиот трофеј.

Англија се надева дека за првпат ќе го освои Европското првенство, а поиедално место за тоа од Вембли не постои. Остана уште еден чекор за англиската нација да дојде до фазата на делириум која веќе одамна на билда.

Но, пред себе ја има Италија која со своите игри во најголем дел од шампионатот ги освои фановите. Тим без големи ѕвезди, но со многу квалитет предводен од одличниот Роберто Манчини ќе го брка вториот трофеј на Европските првенства за Азурите.

Англија ќе ја има предноста на домашен терен, ќе има поголема поддршка од трибините и ќе се обиде тоа да го искористи. Италија растеретена од притисок бидејќи и досега направи многу ќе се обиде да го направи и тој финален чекор до трофејот.

Пех за италијанската репрезентација на ова ЕП е повредата на Спинацола во четвртфиналето против Белгија, левиот бек беше фантастичен на ова натпреварување и голема штета е што не може да го доигра.

Герет Саутгејт нема проблеми од таков размер, неизвесен е само Фил Фоден кој има повреда на стапалото, но играчкиот фонд на Англија е голем, па не е сериозен удар и доколку тој не настапи.

Двата тима во финалето влегуваат без пораз, Италија имаше една победа на пенали и една по продолженија, Англија 120 минути играше само против Данска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести