Home » Времето денеска сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност

by Журнал.мк

Синоптичарите информираат дека денеска претпладне ќе има магла или ниска облачност по одделни котлини во земјава. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.

Во Скопје и во околината сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени.

До петок времето ќе биде стабилно со утринска магла по одделни котлини. Нови врнежи од дожд се очекуваат в сабота.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More