3.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Времето денеска сончево и топло, од средината на неделата температурите ќе достигнат над 40 степени

Најчитани вести

Попладне ќе има зголемена облачност и во северозападните планински подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд, понекаде со ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени, јави УХМР.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно и многу топло време. Дневните температури ќе бидат во пораст. Oсобено топло ќе биде од средината на следната седмица кога температурите долж Повардарието понекаде ќе надминуваат 40 степени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести