Ураганот „Дана“ и обилните дождови предизвикаа големи поплави во Шпанија. Едно лице загина, а две се водат за исчезнати. Метрото во Мадрид е под вода. Прекинат е и железничкиот сообраќај.
„Нивото на водата во куќата е над еден метар. Се качивме на покривот, јас, ќерките, сопругот, трите кучиња. Седевме таму три часа, пожарникарите не можеа да влезат. Многу луѓе се повозрасни, овде го минуваат летото. Имаше една брачна двојка, мажот го однесе водата, жената ја извлекоа.“
„Во Мадрид требаше да бидеме вчера. Не ни одговараат на прашањата. Овде сум со внук ми, тој спиеше на подот.“
„Требаше да не предупредат за да го избегнеме хаосов. Поинаку ќе го организиравме патувањето.“
„Немаме информации, не знаеме ниту дали возот е откажан или одложен.“
Со невреме се соочуваат и делови од САД. Поради поројните дождови и поплавите во Невада беше откажан повеќедневен музички фестивал „Брнинг мен“ кој се одржува секоја година. Властите соопштија дека била пријавена и една жртва.
„Многу врнеше, забележав бари на патот. Илјадници луѓе се обидуваат да заминат, како масовен егзодус е“, изјави Офицер Брајан Борен, полицаец.
„Сред пустина сме, нема никој во близина, заглавени сме повеќе од 12 часа. Спиевме таму. На крајот решивме да автостопираме, па излеговме. Сите осум ленти се спојуваат во една. Многу е бавно излегувањето.“
Невреме и на Азискиот континент. Тајфунот „Хајкуи“ опустоши градови и земјоделско земјиште на Тајван. Жителите во загрозените подрачја беа предупредени да останат дома. Откажани се летови, како и транспортните услуги на железницата и траектите. Наставата во училиштата е прекината. Над 75 илјади домаќинства на источниот брег останаа без струја. Хајкуи се движи кон Кина. Таму веќе се издадени предупредувања.