После одличното видео за темата „Нигде не те наоѓам“ познатиот пејач и композитор со ново музичко парче. Овојпат станува збор за синглот кој го носи името „Кој отров“, а премиерата на спотот за истиот беше вчера.
На официјалниот канал на Јутјуб веќе можете да го најдете и погледнете, а тимот кој се погрижи за ова ново остварување се самиот Роберт (музика и аранжман) и Робин Зимбаков, кој го потпишува текстот.
Ова е проект на кој што сум особено горд и мислам дека е еден од подобрите. Текстот го напиша мојот долгогодишен пријател и соработник Робин и сигурен сум дека имаме хит во најава. „Кој отров“, како и „Нигде не те наоѓам“ се само најава за она што допрва следува, а тоа е албум, мислам дека ѝ должам на публиката нов носач на звук“, вели Билбилов.
Кадрите за видеото се снимени во Охрид, а за нив задолжен беше Даниел Јовевски, кој приказната од песната ја долови визуелно на совршен начин, со помош на убавата Елена Гугоска, додека, пак, за целокупниот изглед на Елена и Роберт се погрижија Даниел Николовски, Цеце Николовска и Викторија Бурсаќ Петров.