-1 C
Skopje
Friday, January 15, 2021

Враќање на легендата. Запознајте го новиот Renault 4!

Најчитани вести

Renault e-Plein Air, авантуристичка изведба на легендарниот модел кој беше белег на неколку генерации

Renault 4 беше и остана еден од најомилени француски автомобили во целата историја на компанијата, а особено беше ценет во поранешна Југославија. „Четворката“ повторно е тука, под името e-Plein Air.

Станува збор за еко-кабриолет издание. Под хаубата се наоѓа електричен погон позајмен од малиот Twizzy, со капацитет на батеријата од само 6.1 kWh. Јасно е дека перформансите не се разликуваат премногу споредбено со оригиналот, на факт е дека моделот е навистина симпатичен. Автономијата наводно е околу 100 километри, а максималната брзина е 80 km/h. 

Сепак овој автомобил (за сега) е концепт, а создаден е по повод одбележувањето на десетгодишнината од манифестацијата 4L International. Зад моделот стојат Renault Classic и Renault Design. Инаку, оригиналниот Plein Air е претставен во далечната 1968 година, а компанијата задолжена за преработка е Sinpar.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести