23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

„Враќање во Милан е мојот сон“

Најчитани вести

Подзаборавениот бразилски фудбалер Александре Пато, истакна дека неговиот сон е да се врати во таборот на Милан, каде што ги доживеа најубавите мигови во кариерата.

Да не беа повредите, Пато сега ќе имаше блескава кариера, но за жал, многуте отсуство го торија своето.

Сега Бразилецот се „нуди“ на својот поранешен тим.

„Имам одлични спомени. Одиграв 150 натпревари, постигнав 63 гола, го освоив Скудетото, Супер-Купот. Остварување на сонот би бил враќање во Милан“, рече Пато.

Тој замина од Милан во 2013 година. Пред Новата година раскина со Сао Паоло и сега е слободен агент. Има 31 година, но тешко дека ќе дојде до враќање во таборот на “росонерите“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести