18 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

Враќањето во Барса му значело многу: Нејмар плачел откако дознал дека ќе остане во ПСЖ

Најчитани вести

Нејмар летово очајно сакаше да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона.

Бразилецот влезе во конфликт со челниците на клубот по што Барселона се обиде да го врати на „Камп Ноу“, а и Реал Мадрид беше заинтересиран да го доведе.

Каталонците имаа неколку состаноци со Парижаните, но никако не успеаја да постигнат договор, а откако преодниот рок заврши во понеделникот, јасно беше дека Бразилецот сепак ќе остане во париз.

Се чини дека на Бразилецот тешко му паднало тоа што ќе остане во ПСЖ и нема да се врати во Барселона, па според информациите прснал во плач откако дознал дека нема шанси да се врати во Каталонија.

Во шпанската телевизиска емисија „Ел Чирингито“ беше откриено дека Нејмар во саботата вечер го побарале претставниците на Барселона за да го информираат дека направиле се што можат, но дека не успеале, а на него тоа тешко му паднало и заплакал и бил бесен на ПСЖ.

Некои медиуми пишуваа дека Барселона никогаш не била сериозна во своите настојувања да го доведе Нејмар бидејќи во ниту еден момент немала подготвени пари за неговиот трансфер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести