23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Вратете го Западен Балкан на дневен ред, бараат девет членки на ЕУ

Најчитани вести

Девет земји членки на ЕУ упатија писмо до шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, со барање на состанокот во април на министрите за надворешни работи на ЕУ да се одржи стратешка дискусија за Западен Балкан и нивните перспективи, пишува порталот Еуроактив. „Веруваме дека е крајно време за стратешки поглед на Западен Балкан“, напишаа министрите за надворешни работи на Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Ирска, Романија, Словачка и Словенија. „Се чинеше дека процесот на проширување на ЕУ доби нов интензитет во пролетта 2020 година, кога Северна Македонија и Албанија добија зелено светло од министрите на ЕУ да започнат разговори за пристап подоцна истата година. Сепак, процесот наиде на „камен на сопнување“ кога Бугарија есента ја блокираше Северна Македонија поради несогласувањата околу историјата и јазикот. Ветото на Бугарија ѝ наштети на Албанија, бидејќи членките на ЕУ го гледаат пристапувањето на Скопје и Тирана „во пакет“.

„Пандемијата ги потенцираше постојните трендови, вклучително и геополитички импликации. Други актери се подготвени да се вклучат во регионалните работи, често на наша штета“, напишаа министрите, осврнувајќи се врз задоцнетиот и многу критикуван третман на ЕУ во различни фази на здравствената криза со ковид-19. „Додека ЕУ мобилизира големи суми за поддршка на регионот, другите актери ја презентираат својата помош многу поефикасно, со што се нарушуваат нашата сигурност, кредибилитет и перцепција на нашата солидарност“, се вели во писмото на деветте министри.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести