Home » Вратен системот “Мое осигурување”

Вратен системот “Мое осигурување”

by Журнал.мк

Фондот за здравствено осигурување информира дека “Мое Осигурување” функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот.

-До овој момент “Мој термин” ги има преземено податоците заклучно со денешен датум (20 февруари 2023).
Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во ,,Мој Термин”. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој Термин, информираат од Фондот.
Активно се работи и на системот за исплата на плати, породилни боледувања и други рефундации.

-Очекуваме во текот на денешниот ден враќање и на останатите состеми. Сите информации веднаш и благовремено ќе бидат споделени со јавноста, посочуваат од ФЗОМ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk