7 C
Skopje
Saturday, March 6, 2021

Вработувањата во администрацијата ќе продолжат

Најчитани вести

Вработувањата во јавната администрација нема да се стопираат туку напротив тие ќе се зголемат . Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски не е информиран за колку вкупно огласи станува збор. Негира дека тоа е поврзано со предизборниот период.Признава дека има превработеност но имало и потреба од дополнителни кадри.

Директори, советници, раководители, инспектори се само дел од работните позиции за кои се распишани огласи. Платите достигнуваат до 55 000 денари.

Дополнителен проблем се и вработувањата по рамковен договор. Помпезните најави за нивна прераспределба спласнаа а тие и натаму седат дома и земаат плата.

Министерството за информатичко општество се амнестира и целиот процес сега е префрлен во новоформираното министерство за политички систем од каде нема никакви информации. На крајот од својот мандат Манчевски е уверен дека ќе може да го реализира и проектот со кој административците кои не си ги изршуваат работните задачи ќе бидат прераспоредени на пониски понизции или ќе му се понудат на приватниот сектор.

Приватните фирми кои ќе ги вработат овие лица ќе добијат одредени субвенции. Секоја институција ќе треба да изготви регистер на вработени и да утврди каде има вишок на работни места. Ако работните места се укинат забранети се нови вработувања за истата позиција. Ќе се врши и реорганизација на институциите, некои ќе се укинат а некои ќе се спојат.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести