23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Вработен во пошта украл пратка од странство со банкарска картичка и си вадел пари

Најчитани вести

Откриено лице кое украло вредна поштенска пратка. Имено, вработен во подружница на Пошта во Гостивар украл пратка од Србија во која имало банкарска картичка и пин, што му овозможоло да вади пари од картичката.

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против едно лице за злоупотреба на службената положба и овластување.

-Обвинетиот 55-годишник од село Долна Бањица, во периодот од ноември до декември 2019 година, во својство на службено лице, картист-насочувач, во Подружница ЦРПС Гостивар, присвоил поштенска пратка од Република Србија наменета за лице од село Добридол, во која имало банкарска картичка и пин број со која оштетениот требало да ја подигне пензијата, соопшти обвинителството.

Од таму додаваат дека обвинетиот неколкупати ја употребил картичката и од банкомат подигнал 15.000 денари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести