17.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

Вработените во здравствениот сектор во Тетово ќе штрајкуваат секој ден од 10 до 10:30 часот

Најчитани вести

Вработените лекари и медицински лица во Клиничка Болница и Здравствен Дом во Тетово денеска од 10 до 10:30 часот штрајкуваат на работните места согласно поддршката што ја даваат како гранков синдикат на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ)

Според информациите од синдикалните претставници, додека трае штрајкот дел од нивните колеги ќе останат на работните места за да нема прекин во работата на Клиничката болница и Здравствениот Дом.

-Синдикалната организација при ЈЗУ Клиничка Болница и Здравствен Дом Тетово се приклучува на штрајкот во организација на Сојузот на синдикати на Македонија за линеарно покачување на платите за 2806 денари. Тоа е нешто што Владата ни го вети, но се уште го нема реализирано, како и за правото што одамна сме го изгубиле К-15. Секој ден ќе се собираме се додека не се реализираат нашите барања. За да не трпат пациентите наши колеги се на работните места, процесот се одвива, половина од нас се на работни места и имаме поддршка, изјави Слободанка Грнчароска, претседателка на Синдикалната организација при ЈЗУ Клиничка Болница и Здравствен Дом Тетово.

Според насоките од ССМ, во здравството штрајкот ќе се одвива секој ден од 10 до 10:30 часот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com